Услуги

Сè на едно место - затоа што веруваме во моќта на интегрираните комуникации како
единствен начин ефективно да се управува и да се унапредува највредниот имот на која
било организација во 21 век – репутацијата.


Нашата работна филозофија е дека само најдоброто е доволно добро. Затоа клиентите на ImagePR можат да бидат сигурни дека ќе добијат ништо помалку од внимателна и детална анализа, стратешко размислување, креативност и прецизна реализација на секоја комуникациска програма и активност. Ова се нашите одредници, независно за каков клиент или проект станува збор.

Изолираните комуникациски активности и поединечни услуги не придонесуваат за градење и унапредување на репутацијата. Трките на долги патеки повеќе ни лежат. Кога целта е јасна, независно колку таа изгледа тешко достижна, заедно со нашите клиенти, сме подготвени за маратон. Веруваме дека комуникациите можат да бидат ефективни само ако се работат систематски и континуирано и затоа врз основа на внимателно направената анализа на комуникациските потреби и предизвици, на клиентите им препорачуваме оптимален сет на комуникациски услуги.

Бидејќи веруваме дека секој детаљ е важен, нашата листа на услуги е долга и на клиентите им овозможува во консултација со ImagePR да направат оптимален избор по мера на нивните комуникациски цели и потреби.

Групирани во категории, нашите услуги опфаќаат:
  • Консалтинг за стратешко комуницирање
  • Креирање и реализација на комуникациска стратегија
  • Поставување и унапредување на системот за комуникации 
  • Односи со интерна јавност
  • Односи со посебни (специјални) јавности
  • Односи со медиуми
  • Корпоративни комуникации
  • CSR програми
  • Јавни работи
  • Управување со специјални теми
  • Маркетинг комуникации
  • Рекламирање
  • Графички и веб дизајн
  • Видеопродукција
  • Бренд комуникации
  • Настани – концепт и реализација
  • Развој и реализација на стратегии за вмрежување
  • Кризни комуникации
  • Комуникација на социјални медиуми
  • Медија мониторинг и медија анализи
  • Тренинзи и обуки
  • БТЛ промоции
  • Медија закуп
  • Истражувања – квалитативни и квантитативни



За најдобри резултати по оптимална цена, соодветен микс од различни комуникациски средства и вештини, во вистинско време и со соодветен стил и тон. 

 

Искуство